Уапсен поранешниот в.д. директор на Централен регситар Андреја Поповски

Андреја Поповски, поранешниот в.д. директор на Централен регистар е уапсен и приведен во полициска станица поради наводна злоупотреба на службената положба и овластување, велат извори од истрагата.

Овој случај е поврзан со партиски вработувања. Освен Поповски меѓу осомничените кои засега не се лишени од слобода, се уште четиримина вработени во Централен регистар. Случајот го води финансиската полиција, а Поповски е лишен од слобода по наредба на обвинител.