Уапсен претседателот на Динамо

Уапсен претседателот на Динамо
Уапсен претседателот на Динамо

Првиот човек на Динамо, Здравко Мамиќ уапсен е рано утрово, пренесуваат хрватските медиуми. Мамиќ е уапсен заедно со уште четири лица.

Хрватските медиуми пренесуваат дека помеѓу уапсените е и синот на претседателот на Динамо, Марио Мамиќ. Се уште не се познати причините за апсењето, а се шпекулира дека станува збор за финансиски малверзации.

Иако тамошните медиуми првично објавија дека во акција на полицијата рано утрово бил уапсен извршниот директор на Хрватскиот фудбалски сојуз Дамир Врбановиќ, тоа не се случило. Тој само е опфатен  со истрагата и во теке  претрес  на неговата куќа, што потврди и адвокатот на Врбановиќ.

Наводно, во целиот случај е вклучена и даночната управа  што пак значи дека најверојатно се работи за продолжение на истрагата која против Мамиќ и Врбановиќ  била покрената летово.

Потсетуваме, Здравко и Зоран Мамиќ беа уапсени на почетокот на летото поради сомнеж дека примале и давале мито, затаиле данок и го оштетиле фудбалскиот клуб за повеќе милионски износ. Тие беа пуштени откако платиле кауција, а Мамиќ тогаш изјави дека е невин и дека тоа ќе го докаже.