Уапсен Раде Штекли

Борбата против криминалот и нарколартелите продолжува. Уапсен e Раде Трајковски Штекли. Се сомничи за трговија на дрога.

Раде Штекли предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група. Тој е уапсен при обид за бегство, во близина на хотел во околината на Гевгелија. Раде Штекли е познат по пресметките со нарко картелите и беше предмет на повеќе обиди за убиство.

Оваа акција на МВР уследува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.

Се дознава дека е одземен телефон од висок полициски службеник кој се сомничи за оддавање на информации поврзани со клановите Барон, Беланоца, Грчец