Уапсен разбојник во Скопје

На 08.08.2019 во 18.55 часот полициски службеници на СВР Скопје на улица ВМРО го приведоа Л.Ш.(26) од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво’’.

Осомничениот во текот на вчерашниот ден извршил разбојништво во фирма на улицата Ѓорче Петров и со закана со пиштол од вработената и одзел пари, но по преземени мерки од полициските службеници е лишен од слобода.

Л.Ш. е осомничен и за уште пет други разбојништва извршени на подрачјето на град Скопје.