Уапсен скопјанец осомничен за семејно насилство

Скопјанецот  Д.Р.(50), осомничен за семејно насилство бил уапсен во обид да избега од земјава, информираше МВР.

Вчера околу 12 часот на Граничен премин Долно Блаце од слобода бил лишен Д.Р. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, казниво по член 144 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. Во 13.10 часот бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка, велат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.