Уапсен скопски дилер на кокаин

СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против А.А(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

На 10.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом на улица „Лазар Трповски“ во Скопје каде престојува на А.А..

При претресот биле пронајдени и одземени два панцирни елеци, шест паковки со кокаин и  една дигитална вага со остатоци од кокаин.