Уапсен српскиот актер Бранко Видаковиќ

Српскиот актер Бранко Видаковиќ е уапсен вчера на Врачар за дрога, дознава „Објектив.рс“. Полицијата дошла по пријава каде го пронашла М.И. (40) како излегува од гаражата во која имало хероин, после што, тој заедно со Видаковиќ влегол во автомобил марка „форд“.

Во моментот кога полицијата им пришла, М.И. се придвижил нагло наназад при што удрил во друго возило, после што застанал. Бидејќи одбил да ја отвори вратата од автомобилот, полицаецот го скршил стаклото на вратата и успеал да го извлече од автомобилот, пренесува „Објектив.рс“.

При претресот е утврдено дека М.И. во хируршката маска што ја носел на лицето, ставил три ќеси со околу десет грама хероин.

Полицијата извршила претрес и во сомнителната гаража каде биле пронајдени осум ќеси, во кои се наошале повеќе од 20 грама хероин, а во просториите што ги користел Видаковиќ биле пронајдени две дигитални ваги и уште две торби со повеќе од пет грама хероин.

На двајцата им е одреден притвор од 48 часа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.