Уапсен таткото на убиеното момче во Србија поради закана за одмазда

Новица Јовановиќ, таткото на Ненад (19) кој минатиот понеделник беше убиен во Ниш е уапсен поради заканите дека ќе ги заколе сите тие кои се вмешани во убиството на неговиот син.

Против Јовановиќ е поднесена кривична прјава за загрозување на безбедноста и му бил одреден притвор од 48 часа, а потоа ќе биде пренесен на сослушување.

Уапсени се малолетниот И.С. (16) од Ниш за кој се сомнева дека заедно со неговите другари М.Ц. (21), М.С. (17) и А.Ј. (15)  го извршиле убиството.

Таткото на убиениот неколку пати упатувал закани и најавувал одмазда за неговиот син.

На погребот на Ненад тој порачал: „Спиј мирно сине мој. Ќе ги заколам сите до еден, па макар и да бидам цел живот во затвор!“