Уапсен теротист во Суботица и заплени арсенал на оружје (ФОТО)

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Србија, го уапсија Д.Х.(1986) од Суботица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

При претресот на куќата во која живее осомничениот, полицијата пронашла три патни торби во кои имало пет автоматски пушки и неколку пиштоли.

Како што неофицијално дознаваме, станува збор за Албанецот Дине Хетај, член на меѓународна криминална група. Во акцијата се одземени 510 куршуми и 4.100 евра. Тој превезувал и илегални мигранти во Европската Унија и Велика Британија.