Уапсен турски градоначалник, поради наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен

Градоначалникот на турскиот град Урл, Бурак Огуз, од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), е уапсен поради наводна поврзаност со мрежата на Фетулах Ѓулен кој е осомничен за организирање на воениот удар во Турција во 2016 година.

Огуз беше избран за градоначалник на Урл на локалните избори во март. Тој е прв градоначалник од редовите на ЦХП, кој е уапсен под обвинение за тероризам. Досега се уапсени најмалку 14 градоначалници од турската прокурдска партија поради наводна поврзаност со курдските бунтовници.

Во исто време, во рации спроведени во Анкара приведени се 171 лице поради поврзаност со Ѓулен, кој живее во егзил во САД од 1999 година и ги отфрла обвиненијата за вмешаност во неуспешниот пуч.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.