Уапсен Весли Снајдер

Поранешниот холандски репрезентативец, Весли Снајдер е уапсен во Утрехт, објавија холандските медиуми. Играчот на катарски Ал-Гарафа удрил паркиран автомобил во холандскиот град, што довело до негово апсење од страна на полицијата.

На играчот му е изречена казна и тој ќе мора да ја плати штетата на возилото.

Снајдер самиот не го потврди инцидентот, коментирајќи само дека „тој не навлегува во објаснување на слични измислици“.

Инцидентот се случи по целовечерна „пијанка“ во Утрехт. Пред да биде уапсен Снајдер, полицијата неколкупати ја посетила куќата каде се одржувала забавата по пријави за гласна музика.