Уапсена девојка во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека девојка од Скопје била уапсена откако агресивно се однесувала со полициски службеници.

-На 21.06.2020 во 13:30 часот во Скопје на Кеј „Димитар Влахов“ од полициски службеници била приведена З.К.(23) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.  Сочинети записници по чл.4 и чл.13 од ЗППЈРМ – велат од полицијата.