Уапсена е Босанката Мирнеса-Мики која ограби милион евра од германска компанија

На аеродромот во Штутгарт е уапсена Мирнеса С., осомничена за грабеж на повеќе од еден милион евра во Германија. Германскиот Билд пишува дека обрачот секој ден се стеснувал и на крајот резултирал со апсење на 42-годишна државјанка на БиХ, чие целосно име е Мирнеса Бешлиќ од Бусовача.

Според првите информации, таа е уапсена денеска на аеродромот и изгледала значително поинаку од фотографиите кои ги објавила на социјалните мрежи.
Таа во октомври украла еден милион евра додека работела во компанија која меѓу другото вршела и транспорт на пари во Штутгарт. Парите ги ставила во црна торба и исчезнала.

Полицијата понудила награда од 37.500 евра за информација каде се наоѓа жената која украла огромна сума пари. Засега не се знае како полицијата ја лоцирала Мирнеса и дали им помогнал некој од граѓаните или блиските луѓе на ограбувачката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.