Уапсена жена од Копанчин Дол тетовско, со остар предмет го нападнала својот сопруг

На 21.11.2020 во 10.00 часот во с.Копанчин Дол, тетовско, од полициски службеници од СВР Тетово била лишена од слобода А.Ј.(43), поради постоење основи на сомнение дека по вербална расправија, со остар предмет го нападнала нејзиниот сопруг.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе следи соодветен поднесок.