Уапсени 110 лица за пола година во тетовско-гостиварскиот регион

Во изминатите шест месеци од оваа година, полициските службеници на СВР Тетово привеле 110 лица кои со судски наредби се барале за издржување на затворски казни, претежно на тетовското подрачје, а во последните два месеци и на гостиварското.

Најголемиот број од нив биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, а биле осудени за затворски казни за имотни деликти, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурсори“ и за други кривични дела.