Уапсени 18 поранешни НБА-кошаркари, може да се соочат и со затворска казна

Американската полиција спроведе голема акција во која беа уапсени дури 18 некогашни НБА-играчи кои се обвинети за измама. Кошаркарите во периодот од 2017 до 2020 година лажирале лекарски извештаи и добивале наплата од здравственото осигурување во НБА-лигата. На крајот вкупно успеале да извлечат околу четири милиони долари.

Уапсени се: Теренс Вилијамс, Алан Андерсон, Ентони Ален, Дезајр Ален, Шенон Браун, Вилијам Бинум, Глен Дејвис, Кристофер Даглас-Робертс, Мелвин Ели, Џамарио Мун, Дариус Мајлс, Милтон Паласио, Робен Патерсон, Еди Робертсон, Грегори Смит, Себастијан Телфер, Чарлс Ватсон јуниор, Ентони Рајт и Ентони Вроутен.

Сите овие кошаркари подигнале лажни барања за надомест на медицински и стоматолошки услуги кои никогаш не биле направени. Организатор и мозок на оваа криминална група е Теренс Вилијамс, а најпознат меѓу сите е Глен Рајс, кој во 2008 година со Бостон беше и НБА-шампион.

Доколку бидат обвинети за ова кривично дело, некогашните НБА-играчи може да завршат во затвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.