Уапсени 26 лица од американско-италијанска мафија

Во заедничка акција на американската и италијанската полиција приведени се 26 мафијаши кои организирале шверц на дрога.

Операцијата е изведена додека мафијашите се обидувале да прокруимчарат дрога и оружје од Јужна Америка до пристаниште Гиоја Тауро во Калабрија на југот на Италија.

Приведени се членови на две фамилии, Гамбино од Њујорк и Ндрангета од Калабрија.

Агентите на ФБИ патувале до Италија за оваа акција.

Полицијата соопшти дека на акцијата на апсење и предходела двегодишна истрага со која е спречено круимчарење на стотици килограми кокаин, хероин и марихуана сокриени во кокоси и ананаси.

Осум од мафијашите биле приведени во Њујорк, а се поврзуваат со криминалното семејство Гамбини, за кое се претпоставува дека ја организирало целата зделка.  Останатите 18 се упасени во Италија и се членови на еден од најопасните кланови.

Пристаништето Гиоја Тауро е едно до најголемите во Европа, и за легални и за нелегални бизниси.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.