Уапсени 27 екстремисти на „исламска држава“ во Турција

Турската полиција уапси денеска 27 лица во Истанбул, осомничени за поврзаност со терористичка организација ИД. Лицата биле уапсени рано утрово во 15 окрузи низ Истанбул, во акции на антитерористички полициски единици.

Осомничените се подготвувале за извршување терористички напади, а причината биле неодамнешните објави на социјалните мрежи   во кои бил навреден пророкот Мухамед. При претресот на домовите на уапсените, пронајдени се голема количина документи и дигитални материјали.