Уапсени четворица дилери на кокаин

Полицијата уапсила четворица дилери на кокаин во Гостивар и во Тетово, информираше МВР.

Според полицијата, околу 1 часот на улицата 29 Ноември во Тетово биле уапсени тетовците Ј.С.(48) и В.Т.(34), бидејќи кај нив бил пронајден кокаин.

Во Гостивар, пак, вчера околу 22 часот на улицата Злате Дамјановски полицијата ги уапсила гостиварецот А.Ј.(46) и А.М.(37) од Скопје. И кај нив бил пронајден кокаин, но од МВР не информираат за какво количество станува збор.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.