Уапсени четири лица за наводен расизам кон Винисиус

Четири лица се уапсени во вторникот како дел од истрагата на шпанската полиција поврзана со бесење на кукла со ликот на напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската селекција Винисиус во јануари оваа година.

Уапсените се обвинети за „злосторство од омраза“, категорија која опфаќа и расистички престапи во Шпанија.

Тројца од уапсените се активни членови на една од најжестоките групи приврзаници на „кралскиот“ клуб.

Кукла облечена во дрес на Винисиус со натпис „Мадрид го мрази Реал“ била закачена пред тренинг-кампот на Реал, еден ден откако Реал го победи градскиот ривал Атлетико со 3:1 во четвртфиналето на Купот на Шпанија. Реал Мадрид го окарактеризира инцидентот како „злобен, одвратен, расистички и ксенофобичен чин“, додека Винисиус рече дека „се надева дека одговорните ќе бидат казнети“.

Низ Шпанија, Винисиус редовно влегува во конфликт со ривалските навивачи, а често и со играчите, па во неделата беше исклучен на финалниот меч против Валенсија. По вербалната пресметка со голманот Мамардашвили, тој го удри со тупаница Дуро во главата. Зад тоа, наводно, исто така станува збор за расистички инцидент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.