Уапсени двајца цимери кои дилале дрога, едниот од Грчец, другиот од Гевгелија

Двајца дилери на кокаин, еден од село Грчец, друг од Гевгелија, се уапсени денеска во нивниот изнајмен стан во Скопје во кој живееле, информира МВР.

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи, во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска ги уапсиле А.О. (23) од село Грчец, скопско, и В.К. од Гевгелија.

При претрес во домот, во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка – соопшти полицијата.