Уапсени двајца кумановци – нападнале малолетничка и ја допирале

Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу 23:40 часот ги лишиле од слобода М.С.(62) и Г.П.(55), двајцата од Куманово.

-Полицијата постапувала по претходна пријава според која околу 23.10 часот во куќа во Куманово, каде престојувале, физички нападнале малолетничка и ја допирале по телото, информира МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.