Уапсени двајца припадници на словенечка паравојска

Словенечката полиција уапсила двајца мажи за кои се сомнева дека ѝ припаѓаат на паравоена група, а откако на социјалните мрежи се појави снимка на групата, која се изјаснува за војска на Штаерска.

Полицијата потврди на Twitter дека по претресotа пет куќи во Марибор и околината, уапсила двајца мажи, но не прецизра дали се работи за членови на групата на Андреј Шишко.

Словенечкиот портал 24ur објави пред неколку дена дека поранешниот кандидат за претседател Шишко ја предводи ткн „Штаерска гарда“, која ја формирал по прогласувањето на независност на источно словенечкиот регион минатата година.

Полицијата соопшти дека врз основа на снимката спроведува истрага.