Уапсени двајца руски војници во Украина

Украинските вооружени сили соопштија дека уапсиле во источниот дел на Украина двајца руски војници, осомничени дека користеле преносливи противвоздушни ракетни фрлачи врз украински воени авиони, објави МИА.

Според воениот портпарол Андриј Лисенко тие биле уапсени од доброволци од баталјонот „Луганск-1“, што се бори на страната на украинската армија.
Оваа информација беше соопштена на петтиот ден од примирјето, кое генерално се почитува според украинскиот претседател Петро Порошенко.