Уапсени две лица поради марихуана

На 23.09.2020 во 23:35 часот во с.Ратавица, пробиштипско, од страна на полициски службеници од Полициската станица Пробиштип и полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога од СВР Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори“, лишени се од слобода С.И.(26) од Пробиштип и А.Ј.(25) од с.Пеширово, светиниколско.

При извршениот преглед кај лицата била пронајдена марихуана.

Се работи на документирање на случајот, по што ќе биде поднесена кривична пријава.