Уапсени и Миле Јанакиески и Спиро Ристовски

Покрај поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, од извори на истрагата за Радио Слободна Европа велат дека и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски од куќен притвор е однесен до судија на претходна постапка. Истите извори велат дека меѓу приведените е и поранешниот министер за труд и социјална политика Спиро Ристоски.

Во судот во изминативе неколку дена во тек се завршните зборови на обвинетите по предметот за насилството во Собранието. Јавното обвинителство неодамна соопшти дека води истрага за организаторите на насилните настани на 27 април во Собранието, заклучува РСЕ.