Уапсени крадците од кругот на РЕК Битола

Во понеделникот од страна на полициски службеници од полициска станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола лишени од слобода се две лица од Битола, кои претходно извршиле кражба.

Имено, 32-годишниот E. Б. и 24-годишниот А. Џ., и двајцата од Битола , одзеле 6 метални ролни и 8 метални запци од корпа од работна машина багер, како  и други предмети во сопственост на  РЕК Битола.

Тие се лишени од слобода, а Е. Б. е спроведен во КПУ Затвор Битола, затоа што бил баран со наредба од Основен суд Битола за издржување на казна затвор во траење од 5 месеци за извршени кражби на подрачјето на Битола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.