Уапсени пет лица поврзани со напаѓачот во седиштето на полицијата во Париз

Радикализираниот полициски службеник, Микаел Арпон

Пет лица се успаени поврзани со мажот кој ги изведе смртоносниот напад со нож во седиштето на париската полиција пред десетина дена, открил извор близок на истрагата со што ги потврдува претходните медиумски написи.

Апсењата се одвивале во понеделникот утрото во париското предградие Вал д’Оаз. Станува збор за департман во кој живеел напаѓачот со неговото семејство и каде најверојатно се радикализирал контактирајќи со припадници на салафистичкото движење, пишува дневниот весник Le Parisien

Микаел Арпон, 45-годишен информатичар кој ја минал безбедносната проверка, на 3-ти октомври уби тројца полицајци и еден службеник во главното седиште на париската полиција, пред да биде застрелан од друг полицијци.

Арпон е роден на францускиот прекуморски остров Мартиник, и работел во седиштето на полицијата неколку години.

Минатата седмица три извора блиски на полицијата открија дека француската полиција повторно отворила интерна истрага против висок полцииски функционер поради сомневања дека го фоворизирал исламот.