Уапсени полски навивачи на плоштадот „Македонија“

Полските навивачи на фудбалската репрезентација попладнево предизвикаа инцидент на плоштадот Македонија во Скопје. Според полициските службеници, тие се степале меѓусебе, по што неколкумина од нив се приведени.

Полските навивачи се дојдени во Скопје да ја бодрат нивната репрезенација која утре игра против Македонија во рамки на евроквалификациите.

ФОТО: Дејан Божиновски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.