ВИДЕО: Уапсените терористи спроведени на распит

Во големата антитерористичка акција на МВР која денес беше спроведена, а насочена против припадници на ИСИС во земјава како и на лица кои врбувале македонски државјани за учество во паравоени формации и лица кои учествувале во истите се приведени повеќе лица.

kombe
Осомничените терористи полицијата ги носи на распит

Дел од уапсените терористи се спроведени на распит во скопскиот кривичен суд.

Освен претреси на повеќе локации во Скопје, претрес имало во Струга, Куманово и во Гостивар. Со пријавата на МВР ќе бидат опфатени повеќе лица и за акцијата МВР најавува повеќе информации во текот на денот, пишува Алфа.

Разбиено гнездото на ИСИС во џамијата Тутунсус

Со денешната акција полицијата го разби гнездото на терористи на ИСИС во Скопје кое според неофицијалните информации е џамијата Тутунсус, за која ИВЗ со години тврди дека не ја контролира. Се уште не потврдените информации говорат дека во акцијата е приведен и самопрогласениот имам на џамијата.

Видеото во продолжение го објави АЛФА

Исламска држава влезе во Македонија заедно со бегалците?

Има ли меѓу бегалците припадници на Исламска држава?

Секојдневно стотици мигранти чекаат за да влезат во земјава. Откако беа донесени измените на Законот за азил на 18. минатиот месец, МВР до вчера издало 25.672 потврди за барање азил на мигранти.

Најголем дел од мигрантите се Сиријци. По Сирија следи Авганистан, Ирак, Пакистан, Сомалија. Само во текот на вчерашниот ден биле издадени потврди на 775. Од почетокот на издавањето на овие потврди, пак, азил досега побарал само 41 мигрант.

Со измените на законот на азил делумно е подобрена евиденцијата на бројот на бегалци кои влегуваат во земјава, меѓутоа постојат и мигранти кои се уште илегално ја поминуваат границата.

Големи се шансите со бранот бегалци на територијата на Македонија да се инфилтрирале и приврзаници на групацијата Исламска држава, која во последно време упатува закани до балканските земји.

Најмалку пет години затвор за учество во странски паравојски

Исламска држава Европа исламисти џихадисти
Македонските закони предвидуваат затворски казни за учество во странски паравојски

Со измените на Кривичниот законик, што беа изгласани од Собранието пред околу една година, се предвидува дека најмалку пет години затвор ќе одлежи секој оној кој ќе учествува во војна надвор од земјава.

Казната се однесува на секој кој создава, организира, регрутира, превезува, органзиира превоз, опремува, обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или поединечно, надвор од земјава.

Со казна затвор од најмалку пет години ќе биде казнет и оној  кој директно или индиректно, нуди, дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови, материјални средства или опрема коишто ќе бидат наменети за извршување на кривичното дело од ваков тип.

Државјаните на Македонија, кои спротивно на закон ќе учествуваат или ќе се обучуваат од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи, надвор од територијата на РМ, ќе се соочат со затворска казна од најмалку четири години.

Казна со затвор од најмалку четири години ќе следи и за тој што спротивно на закон на собир, преку пишан текст, со аудио – визуелни снимки, преку социјалните мрежи или со кој било друг облик на комуникација ќе повика на ширење или ставање на кој било друг начин на располагање на јавноста порака, или врбува или поттикнува друг на извршување на наведените кривични дела. Со измените ќе биде казниво и помагањето како и обидот за извршување на овие дела.

Терористички напад се случи во кумановско Диво насеље на деветти мај, годинава, при што животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни служби во големата антитерористичка акција. Претходно беше извршен терористички напад и на караулата во Гошинце, каде за среќа немаше човечки жртви, но беше украдено оружје.