Уапсени тетовци поради нож и марихуана

Синоќа, околу 18.00 часот, на улица „121“ во Тетово  уапсени се Д.З.(20) и Е.Р.(18), двајцата од село Палатица.

Кај нив е пронајдена марихуана и нож. Вчера, исто така, околу 21,30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, поради поседување марихуана, лишен од слобода е и Б.И.(34) од Тетово. Се работи на целосно расчистување на двата случаи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.