Уапсениот Санчез повторно именуван за кандидат за претседател на Каталонија

Поборникот за каталонска независност Жорди Санчез, кој е во притвор крај Мадрид, во саботата повторно е именуван за кандидат за претседател во парламентот на шпанската покраина која тежнее кон осамостојување, а таквиот избор го поддржа и поранешниот каталонски претседател Карлес Пучдемон кој од Берлин повторно ја повика влада на Шпанија на преговори.

„Предлагам пратеникот Жорди Санчез да биде кандидат. Тој доби најголема поддршка“, напиша на Twitter, претседателот на каталонскиот парламент Рожер Торен.

При претходниот обид во март, Санчез ја повлече својата кандидатура бидејќи шпанското правосудство одби да го ослободи од притвор за да биде присутен на преземањето на должноста во парламентот.

Ова е четврт обви од почетокот на годинава на претседателот на парламентот да предложи кандидат на Каталонија. Првиот пат беше именуван поранешниот претседател Карлес Пучдемон, кој е во егзил и за кој шпанскиот суд забрани да биде именуван на далечина или да ги пренесе овластувањата на друг пратеник, потоа Жорди Санчез, за кој исто така има забрана поради притворот, а потоа и поранешниот член и портпарол на владата на Пучдемон, Џорди Туруљ чиешто именување беше спречено ден пред гласањето на коешто му беше потребно просто мнозинство, откако беше притворен.

Датумот на следното заседание на новиот состав на парламентот на кој би се гласало за претседател на Каталонија ќе биде утврден следната седмица. Доколку новиот претседател на Каталонија не биде именуван пред 22-ри мај, автоматски се ќе бидат распишани повторените покраински избори. На тоа се надева и централната влада во Мадрид, која смета дека партиите кои се залагаат за независност нема да освојат мнозинство како на претходните два парламентарни избора.

Сѐ додека нема своја влада, Каталонија е под управа на владата од Мадрид, која ја суспендираше автономијата на покраината откако на 27-ми октомври парламентот ја изгласа независноста по основа на референдумот од 1-ви октомври кој го забрани шпанскиот уставен суд.

Малку порано во саботата Пучдемон ја повика Шпанија да ја почитува демократијата., меѓународните договори и според резолуциите на ОН да ги ослободи политичките затвореници. Го повика Мадрид на дијалог говорејќи на првата конференција за новинарите по излегувањето од германскиот притвор откако судот го ослободи со кауција и одби да го екстрадира во Шпанија која по него распиша европски налог за апсење.