Уапсено момче кај Средно Водно фатено со марихуана

43

Вчера попладне е уапсено 21-годишно момче кај Средно Водно откако било фатено од полиција со марихуана.

„На пат од црква „Св. Пантелејмон“ кон Средно Водно вчера во 17.20 часот од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода В.С.(21) од Скопје, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, информираа денеска од МВР, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.