Уаспени осомничени за убиството на италијанскиот амбасадор во Конго

Полицијата во источниот дел на Демократска Република Конго привела членови на група осомничена за поврзаност со минатогодишното убиство на италијанскиот амбасадор, како и со неодманеѓшните грабнувања на службеници на невладини организации, извести во средата покраинската полиција.

Ланскиот февруари амбасадорот Лука Атанасио и неговоиот телохранител Виторио Јаковаци и нивниот возач Мустафа Миламбо беа убиен во текот на неууспешно грабнување на пат во источно Конго додека оделе да посетат химанитарен проект на ОН во едно училиште.

Полицискиот комесар Аба Ван Анг во средата ги претставил уапсените на средбата со воениот гувернер на покраината Северно Киво, Констант Ндим. Навел дека некои од нив учествувале во убиството на ителијанскиот амбасадор.

„Меѓу овие групи е и онаа којашто го грамна италијанскиот амбасадор и го уби“, рекол Ванг Анг но не прецизираше дали аупсените се официлано обвинети.

Додал дека водачот на групата, директно одговоран за смртта на Атанасио, сѐ уште не е уапсен. Рекол дека групата, исто така, била вклучена во грабнувањето од декември кога беа грабнати службеници на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC), кои подоцна беа ослободени.

Поголемиот дел од источно Конго последните децении бележат големо насилство, бидејќи ривалските локални полиции се борат против владините сили, но и меѓусебно за контрола над земјата и ресурсите. Грабнувањата и нападите врз конвоите со хуманитарна помош се во пораст, предупрдија од ОН и другите хуманитарни организации.