„Убава жена“ полни 25 години – Работи кои не сте ги знаеле за филмот…

„Убава жена“ полни 25 години - Работи кои не сте ги знаеле за филмот...
„Убава жена“ полни 25 години - Работи кои не сте ги знаеле за филмот...

„Убава жена“ е филм кој ја освои планетата и неговата полуларност не опаѓа ни после 25  години, откако се појави во кино салите.

Оваа љубовна приказна помеѓу проститутка и бизнисмен е проследена со многу интересни податоци. Еве некои од нив:

  1. Филмот требало да се вика „3.000 долари“, но на публиката тој наслов и оставил лош впечаток.
  2. Мег Рајан требало да ја глуми проститутката Вивијан, но ја одбила улогата. Пред Џулија Робертс, многу актерки биле во игра: Мелани Грифит, Шерон Стоун, Мишел Фајфер.
  3. Следниот пат кога ќе го гледате филмот обрнете внимание на Вивиен. Таа никогаш не седи на столица, туку на под. Тоа го  смислиле продуцентите, за да ја доловат нејзината професија, веројатно мислејќи дека проститутките не користат мебел.
  4. Сите сцени околу Родео Драјв на Беверли Хилс, биле снимени во недела бидејќи градот има строги правила за снимање на таа улица.
  5. Џулија Робертс ималасамо 22 години кога излезе филмотво 1990 година. Тогаш таа раскинала до своето момче Дилан Мекдермот и почнала да излегува со актерот Кифер Сатерленд.
  6. Постојат грешки во филмот. Имено, првото утро кога го поминува со Едвард, Вивијан за појадок јаде кроасан, а веќе во вториот кадар јаде палачинки.
  7. Џулија за улогата на Вивиен се подготвувала две недели во клиниката во Холивуд. На почетокот било замислено да биде наркоманка. Исто така, на крајот на филмот требало да ја пронајде Кит која се предозирала со лекови додека Вивиен била со Едвард.
  8. Ричард Гир во филмот навистина свири на клавир, и тоа сопствена композиција.
  9. При снимање на сцените со секс, Џулија била толку нервозна, што и излегла вена на челото. Тогаш, режисерот Гери Маршал влегол во кревет и заедно со Ричард Гир и ја мсирале вената додека не исчезнала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.