Убави девојки повеќе нема да го красат престижниот шангајски саем за автомобили

Атрактивни млади жени нема повеќе да ги красат автомобилите на Шангајаската меѓународна изложба на автомобилска индустрија која се одржува во април, најавија организаторите.

-Компаниите ќе се насочат на квалитетот на производите и технологијата, се вели во соопштението на организаторите.

-Автошоуто треба на посетителите да им пружи уживање во уметноста. Се надеваме дека излагачите ќе ги промовираат производите на здрав и класичен начин. Активностите со ниско ниво на вкус и оние со насилен општествен морал се забранети, се наведува во соопштението.

Организаторите ваква одлука донеле откако го истражиле мислењето на излагачите.

Почнувајќи од 1985 година, автошоуто во Шангај е најстара меѓународна изложба на автомобилската индустрија во Кина.

Веста за укинување на присуството на модели предизвика негодување во јавноста.

Голем дел од производителите на автомобили ангажираат манекенки на саемите за да го привлечат вниманието на купувачите, особено на помладите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.