Убавините на Охрид претставени во магазинот на „Визер“

Убавините на Охрид претставени во магазинот на „Визер“

Убавините на Охрид се претставени во репортажа на тиражниот магазин на „Визер“ за месец јуни/јули 2015 година.

Магазинот се дистрибуира во сите авиони на „Визер“ кои летаат ширум светот.

ДЗС: За 7, 4 проценти зголемен бројот на туристи во мај, фото: МРТ
ДЗС: За 7, 4 проценти зголемен бројот на туристи во мај, фото: МРТ

Ова следува по воведувањето на двете нови линии од Охрид кон Лондон и Базел, каде како обврска на авио превозникот е да го промовира и рекламира градот.

Репортажата за Охрид во магазинот на „Визер“ ќе имаат можност да ја видат околу 3 милиони читатели кои непосредно ќе се запознаат со туристичките потенцијали на Охрид. Ваква репортажа за Охрид ќе биде објавена и во наредното издание на „Визер“ магазинот за август/септември 2015 година.