Убавините на Преспа,мотив на ликовната работилница во Отешево

На брегот на Преспанското езеро во Отешево денеска 20 тина деца, членови на ликовната секција која работи при Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен, предводена од ликовниот уметник Марија Груевска, заедно со 15-тина членови на здружението на ликовни уметници Преспа арт, создаваа свои ликовни дела.
-Заедно ќе се обидеме повторно да ја возвишиме убавината, која ќе биде видена од очите на нашите уметници, учесници на оваа работилница, преточени во дела, односно во уметнички слики. Во текот на целата година, децата ги учеа основите на ликовната уметност. Ова е можност, нивната љубов кон оваа уметност, да ја преточат во видлива слика’, рече ликовниот уметник Марија Груевска.
За јавноста, делата ќе бидат претставени на изложба, која традиционално се одржува во рамките на манифестацијата Денови на Преспанскиот јаболкобер.