Љубчо Георгиевски удри по СДСМ: Што стана со ветувањето за студентските домови

ВМРО-Народна партија, чиј основач и претседател е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, денес преку соопштение ја потсети власта за предизборните ветувања:

,,Во очи на предизборниот месец од пред три години се прашуваме каде запре целата работа која требаше уште во првата година да ги покаже своите први резултати.

Во „планот за живот во Македонија“ стои ветување дека во Македонија конечно ќе се реши проблемот со студентите со изградба на студентски град, кое беше проследено толку жестоко што студентите како засегната страна го препознаа овој предлог-проект и несомнено го поддржаа.

Сите бевме сведоци како се ветуваше дека хорор домовите со прокиснати тавани, руинирани тоалети како и студените радијатори и лошите оброци кои останаа во наследство од владеењето на ДПМНЕ ќе заминат во историјата.