Убедлив пораз на Атлетико кај Реал Сосиедат

469

Фудбалерите на Реал Сосиедад со убедливи 3:0 (1:0) пред своите навивачи го совладаа Атлетико Мадрид во натпреварот од 33-то коло на шпанското првенство, додека Гирона со 2:1 славеше кај Алавес.

Реал Сосиедад поведе во 27 минута со голот на Вилион Хозе, а победата со уште два погодока, во 80-та и втората минута од судиското продолжение, ја запечати Хуанми. Второпласираниот тим во Примера на ова гостување ја прикажа една од најбледите партии можеби последните неколку сезони.

Гирона кај Алавес поведе во 59 минута со голот на Гарсија, на 2:0 зголеми Стуани од пенал во 86 минута, а конечниот резултат го постави Пиња во 90 минута.

На пет кола до крајот на првенството Барселона има 83 бодови, 12 повеќе од Атлетико и 15 повеќе од сѐ уште актуелниот шампион Реал Мадрид.

Со победата Гирона се проби на осмото место на табелата со 47 бодови, Реал Сосиедад сега е 11-ти со 43 бодови, а Алавес е 15-ти и ма 38 бодови. Во зоната за испаѓање се Депортиво во 27, Лас Паламас со 22 и Малага со 18 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.