Убедлив триумф на Целје против Бутел на Струшкиот ракометен турнир

Поранешниот европски шампион Целје синоќа триумфираше убедливо против тимот на Бутел со 31:20 (18:8), со што го најави најави својот напад за освојување на Струшкиот ракометен турнир оваа година.

Словенците тргнаа моќно во овој дуел уште во воведните минути од натпреварот и стигнаа до резултат 10:1 и практично го решија победникот, на одмор се замина со резултат (18:8).

Во вториот дел се играше поопуштено, двајцата тренери им дадоа шанса на повеќе ракометари од клупата да играат и конечниот резултат гласеше 31:20.

Вториот ден од турнирот го отвараат екипите на Алкалоид и Целје (17:15 часот), два часа подоцна премиерно годинава ќе настапат АЕК Атина против Татран Прешов, додека во последниот меч се среќаваат скопските екепи на Вардар и Бутел (21:15).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.