Убедливата победа на Мицкоски, почеток на крајот на политичката кариера на Заеваев

Челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на локалните избори уште еднаш ја ефектурише својата супериорност во однос на социјалдемократскиот лидер и извојува огромна победа со што силно ја затресе владината коалиција на премиерот Зоран Заев која драматично успеа привремено да се спаси претходно седмицава, но тие настани во Собранието многу јасно укажуваат дека станува збор само за одложување на неминовното – пад на Владата на СДСМ и политичко „пензионирање“ на нивниот лидер.

Јасни се причините поради коишто Заев, во својот веќе апсолвиран стил од јавноста, се попишмани и одби да замине во темните страници на историјата на македонската политичка сцена – стравот од одговорност. Но оваа операција на спасување на Заев ќе ја чини и СДСМ со поголемо и континуирано внатрепартиско раслојување и постепено губење на поддршката, поради ставањето на партијата во целосно заложништво на Али Ахмети.

Таквата ситуација е логичен епилог откако на локалните избори коишто се одржаа на 17-ти и 31-ви октомври, ВМРО-ДПМНЕ освои 42 општини и градот Скопје, додека СДСМ освои само 16 градоначалнички места.

Вкупно гласови во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ има освоено 316.532 гласови, додека СДСМ освои 260.418 гласови, што е разлика од 56.114 гласови. На изборите на 31-ви октомври за ВМРО-ДПМНЕ гласале 228.347 гласачи, додека за СДСМ само 187.883 што е разлика од 40.464 гласови во полза на ВМРО-ДПМНЕ.

„Губитникот Заев ги има најголемите порази во историјата на плурална Македонија, време е за промена на централната власт и нова иднина. Губитникот Заев е поразен со над 100.000 гласови разлика, владата треба да падне и брзи избори што поскоро“, објавија по изборите од ВМРО-ДПМНЕ.

Не е познато сѐ уште од каде потекнуваше самоувереноста на Заев пред изборите, но по оваа уверлива победа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев вечерта на 31-ви октомври пред целата јавност ја објави оставката од челните позиции и во СДСМ и во Владата. Тоа не го исполни, со што Зоран Заев по којзнае кој пат си го погази зборот што го даде пред целата македонска јавност. Од страв дека ќе ја изгуби премирската фотелја започна со уценување на пратеници и соработници со цел Мицкоски со најавеното мнозинство да не му изгласаат недоверба на Владата.

Мицкоски во петокот вечерта поточно на 05.11.2021 на социјалните мрежи напиша дека го обезбедил мнозинството за изгласување на недоверба на Владата на Зоран Заев.

„Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалните мрежи.

Иницијативата за недоверба се поднесе, за да на 11.11.2021 се изгласа истата од мнозинството кое се обезбеди од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

Но, за да не се случи гласањето Зоран Заев заедно со неговиот коалиционен партнер ДУИ го киднапираа пратеникот Кастриот Реџепи со цел да не има опозицијата 61 пратеник и да не падне Владата.

Мицкоски таа вечер на 11.11.2021 дури посочи дека сето тоа што се случува е срам и ако се потврди тоа дека пратеникот Кастриот Реџепи е држан надвор од своја волја и дека некаде се наоѓа сега каде што никој жив не знае каде се наоѓа тогаш навистина тоа предизвикува силно чувство на гадење.

По изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се појави едно видео на социјалните мрежи каде што Кастриот Реџепи нервозно замолува никој да не го бара и дека е добро.

Видеото покрена лавини реакции кај граѓаните дури се роди и сомнеж дека е држан пратеникот под присила во една просторија. Дури и според неофицијални податоци од медиумите се шпекулираше дека пратеникот на Беса кој што требаше да гласа за недоверба на Владата се наоѓал против своја волја во Мала Речица.

„Власта е подготвена на се. Се додека немам јасна слика и глас од пратеникот, мислам дека тоа е направено против негова волја. Од вчера немаме контактирано, немам информации каде се наоѓа. Се додека не излезе дека ова е негов став и е доброволен, јас како претседател на Беса, можам да се сомневам дека тој против негова волја е задржан некаде“, рече истата вечер Билал Касами, претседател на партијата Беса.

По што утредента партијата Беса го исклучи Кастриот Реџепи од сите партиски функции.

Но, потегот на СДСМ и ДУИ единствено докажа дека Владата им паѓа, таа веќе не е на цврсти нозе, затоа се потребни час поскоро предвремени парламентарни избори со цел Македонија да излезе од економска, здравствена и енергетска криза во кои што е втурната поради неспособноста на Зоран Заев.