Убедливи победи на Барнли и Брајтон, Сити шампионски

На почетокот од новата сезона во англиската Премиер лига Брајтон и Барнли во саботата впишаа убедливи побнеди, додека новакот во лига Шефилд Јунајтед на гости кај Борнмут одигра без победник, додека актуелниот шампион Манчестер Сити како гостин го декласираше Вест Хем.

Ешли Барнс беше двоен стрелец, во 63 и 70 минута, за домашната победа на Барнли против Саутемптон од 3:0, а конечниот резултат го постигна Јохан Берг Гумундсон во 75 минута.

И Брајтон славеше со 3:0, но на гости кај Вотфорд, со головите на Адбулај Дукуре кој постигна автогол во 28 минута, а потоа стрелци за госте беа Флорин Андоне во 65 и Нил Мапај во 77 минута.

Средбата меѓу Борнмут и новиот клуб во елитната англиска класа Шефилд Јунајтед заврши без победник 1:1. Крис Мефам во 62 минута му донесе водство на домашниот Борнмут, а голема радост на Шефилд му донесе Били Шарп во 88 минута.

Ремизираат и Кристал Палас и Евертон, но без голови, со тоа што гостите од 76 минута играа без исклучениот играч од средината на теренот Морган Шнејдерлин.

Мечот во кој шампионот Манчестер Сити во Лондон со 5:0 го декласираше Весте Хем Јинајтед беше одбележан со четири проверки со ВАР технологијата, која првпат се користи во Премиер лигата. Од играчки аспект, пак, натпреварот мина во знакот на Рахим Стерлинг кој постигна хет-трик, гаѓаше прецизно во 51,75 и првата минута од судиското продолжение. Меѓу стрелците се впишаа и Габриел Џезус во 21 и Серхио Агуеро во 86 минута од пенал. Ова беше осма последователна победа на Сити над Вест Хем со гол-разлика 28:4.

Ланскиот вицепрвак Ливерпул, кој и годинава е еден од најголемите претенденти на титулата, во петокот вечерта на домашен терен го совлада Норич со 4:1.

Вечерва Тотенхем ја пречекува Астон Вила, а во недела покрај првото големо дерби сезонава Манчестер Јунајтед – Челзи, се играат уште дуелите Лестер – Вулвехемптон и Њукасл – Арсенал.