Убедливи победи на Јунајтед и Вулверхемптон, Арсенал многу тешко

Фудбалерите на Арсенал усепаја да дојдат до победа од 3:2 на домашен терен против Евертон во последниот неделен натпревар до 27-то коло на англиската Премиер Лига.

Во одличниот натпревар на лондонски „Емирејтс“, гостите од Ливерпул поведе уште во првата минута со голот на Доминик Калверт-Левин, но кон средината на првиот дел Арсенал направи пресврто преку Еди Нкетиа во 27 и Пјер-Емерик Обамејанг во 33 минута. Евертон сепак не замина на паузата да отиде непоразен, откако во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме Ричарлисон израмни на 2:2. Но веќе во првата минута од вториот дел Обамејанг со својот втор погодок на мечот го донесе „Топчиите“ во ново водство. До крајот на дуелот Евертон имаше низа одлични шанси, но не успеа уште еднаш да израмнат.

Арсенал сега е деветти со 37 бодови, колку што има и 10-от Барнли, додека Евертон сега падна на 11-то место со бод помалку.

Манчестер Јунајтед до победата против Вотфорд стаса со погодоците на Бруно Фернандез во 41 минута од пенал, Ентони Мартиал во 58 и Мејсон Гринвуд во 75 минута. Јунајтед сега се приближи до позициите кои водат во европските купови следната сезона. „Црвените ѓаволи“ се на петтото место со 41 боди, три помалку од четвртиот Челзи, а еден повеќе од шестиот Тотенхем и седмиот Шефилд Јунајтед. Вотфорд е претпоследен 19-ти со 23 бодови.

Вулверхемптон, исто така, со 3:0 на свој терен го победија Норич Сити. Стрелци за победникот беа Диего Јота во 10 и 30, и Раул Хименез во 50 минута. Вулверхемптон сега е осми на табелата со 39 бодови, а Норич остана последен 20-ти со 18 бодови.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.