Убедливи победи за фаворитите на третиот ден од струшкиот ракометен турнир

На традиционалниот ракометен турнир во Струга во петокот се одиграа три натпревара на кои сигурни победи забележаа екипите кои важеа за апсолутни фаворити.

Резултати:
Струга – Металург 24:35
Еурофарм Пелистер – Прилеп 38:17
Вардар – Еурофарм Пелистер 2 33:19.

Со по две победи и без пораз во водство се Еурофарм Пелистер и Вардар, двата најголеми конкурента за место во финалето.

Распоред за сабота:
Охрид – Еурофарм Пелистер 2
Струга – Еурофарм Пелистер
Вардар – Бутел.