Германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Волфсбург, Ајнтрахт, Борусија Менхенгладбах , Аугсбург и Келн немаа проблеми во првото коло од националниот куп.
Волсфбург на гостувањето го совлада четвртолигашот Униен Фирштенвалде со 4:1, иако домашните поведоа уште во 9 минута од пенал кој го реализираше Гуртц. „Волците“ до крајот на полувремето направија пресврт со головите на Жоао Виткор во 23 и 23, а во продолжението погодија и Герхард во 60 и Жулавоглу во 77 минута.
РБ Лајпциг го победи второлигашто Нинрбенрг со 3:0. Головите ги постигнаа Хајдара во 3, Поулсен во 67 и Хванг Хе Чан во 90 минута.
Аугсбург го понебеди петтолигашот Ајнтрахт Калеа со 7:0, а стрелци беа Варгас во 20, Калигиури во 29, Финбогасон во 47 минута од пенал, Нидерленхнер во 57, Хан во 66 и Јенсен во 88 и 90 минута.
Уште поубедлива беше Борусија Менхенгладбах со победата над петтолигашто Обернокјленд со 8:0. По два погодока постигнаа Хемрани во 13 и 14, Нојхаус во 53 и 84, а по еден Хофман во 19, Бенсебаини во 25, Елведи во 35 и Траоре во 76 минута.
Најмногу се мачеше Унион Берлин кој по продолжувањата го поразо второлигашто Карсруеа. Решавачкиот погодок го постигна Шлотербек во 117 минута.
РЕЗУЛТАТИ:
Мајнцерхаген – Гројтер Фирт 1:6
Нирнберг – РБ Лајпциг 0:3
Унион Фирстенвалде – Волфсбург 1:4
Тодесфелде – Оснабрик 0:1
1860 Минхен – Ајнтрахт Франкфурт 1:2
ФВ Енгерс 07 – Бохум 0:3
Обернеланд – Борусија М’гладбах 0:8
Алтглиенике – Келн 0:6
Ајнтрахт Селе – Аугсбург 0:7
Улм – Ерзбегирге Ауе со 2:0
Пл. Карлсруер – Унион Берлин 0:1.
Инголштат – Фортуна Диселдорф 0:1
Карл Цајс Јена – Вердер Бремен 0:2