Убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ за советничките места во Град Скопје

Од 20 проценти од обработените податоци за градоначалник на Град Скопје на веб страницата на Државната изборна комисија независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска има 38,59 проценти од гласовите, а кандидатот на СДСМ Петре Шилегов – 35,01 отсто.

Потоа следи Перо Георгиевски од Левица со 8,41 процент, Арбен Шаќири од ЛДП/ДОМ – 3,69 проценти, Ана Петровска од Зелен хуман град – 3,63 проценти и Александар Тортевски од Твоја Партија – 1.01 процент.

Излезноста е 48,88 проценти.

За Совет на Скопје најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ – 35,30 проценти, постоа СДСМ – 22,23 проценти, ДУИ -13,25, Левица – 8,11, АА/А – 5,61, Зелен хуман град – 3,37, ЛДП/ДОМ – 3,26, БЕСА – 1,29 отсто, а останатите се под еден процент.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.