Убиен мажот кој се обиде да грабне авион во Бангладеш

Вооружен маж е ликвидиран во обидот да грабне авион на воздухопловната компанија „Biman Bangladesh“ во неделата по принудното слетување на аеродромот во Читагонг, објави весникот The Daily Star повикувајќи се на бангладешката армија.

Претходно беше објавено дека авионот на бангладешката компанија „Biman Bangladesh“, на летото BG147 од Дака за Дубаи, е навјеројатно киднапиран, а осомничениот уапсен и притворен.

Како што прецизирале од војската на Банлгадеш, 25-годишниот маж кој се обидел да го грабне авионот, бил ликвидиран во текот на операцијата во банлгадешки Читанонг.

„Осомничениот поседуваше пиштол. Тој беше убиен во текот на специјалната операција“, изјавил офицерот Мотихур Рахман на брифингот со новинарите на аеродромот и додал дека операцијата на специјалците траела само осум минути.

Весникот додава дека според многу службени лица, неуспешниот грабнувач бил „менталнмо неурамнотежен“. Се наведува дека тој сакал да зборува со бангладешката премиерка Шеика Хасина и со својата сопруга.

Локалните медиуми известија дека мажот со пиштол се обидел да влезе во пилотската кабина. Во 17,15 часот по локално време (15,15 по македонско), сите патници го напуштиле авионот, потврдил Ананат Махфуил Ала, портпарол на аеродромот во Читанонг, потврдувајќи дека веднаш по слетувањето авионот бил опколен од припадници на специјалната полиција и пожарникари.