Убиец на 70 тигри уапсен по 20 годишна потрага

Мажот кој се сомничи дека убил 70 загрозени тигри е уапсен во Бангладеш по 20 годишна потрага.

Хабиб Талукдер, бил уапсен по дојава откако по него биле распишани три потерници, соопштија од полицијата.

Тој делувал во шумите на Сундарбанс, на границата меѓу Индија и Бангладеш, каде живеат најголем број бенгалски тигри на светот.

-Долго беше во бегство, изјави шефот на полицијата Сајдур Рахман.

АП пренесува дека локалното население подеднакво го почитува и се плаши од него.