Убиецот фатен на гробишта, прашувал дали неговите жртви се живи

Полицијата го фати 40-годишниот Тони С. кој е осомничен за тројното убиство кое завчера го потресе Кавадарци.

Според информациите, тој бил фатен пред половина час на гробиштата во Кавадарци. Полицијата имала сознанија дека тој ќе се појави таму и му поставила заседа.  Кога Тони ги видел полицајците почнал да бега при што полицијата испукала неколку куршуми во воздух во знак на предупредување.

По приведувањето, кај Тони е најден и пиштолот со кој е извршено убиството во кој имало 2 куршуми.  Тој не знаел дали преживеале неговите жртви и прашувал дали се мртви.

Од полицијата потврдуваат дека го имаат приведено осомничениот за убиството на семејството од Кавадарци, но не откриваат повеќе детали.

Тони Станоев завчера во семејната куќа во Кавадарци ги уби родителите на својата поранешна сопруга и нејзината сестра.